Пред 143 години: Роден ориенталистичкиот уметник и филозоф Николај Рерих

Историја
СТЕПАН ИВАНОВ
Неговите дела се признати низ целиот свет и неговиот стил е сосема уникатен.

Археологот и уметник Николај Рерих е роден на 9 октомври 1874 година. Неговата уметност е разновидна, од православни фрески и икони до слики со фолклорни ликови. Тој исто така е театарски уметник и дизајнер на некои од балетите на Дјагилев во Париз.

По Револуцијата од 1917 година, Рерих - кој живеел во Финска во тоа време - не може да се врати во Русија, па затоа се преселува во Лондон, пред да започне огромна уметничка и лекторска турнеја низ САД. На крајот го исполнува својот сон за патување во Централна Азија .

Просветителот и филозоф Рерих е заинтересиран за спиритизмот и заедно со неговата сопруга Елена Рерих е творец на духовното учење Агни Јога. Тој се спротивставува на советскиот режим и ги повторува темите на комунизмот и будизмот во неговите книги.

Денес постојат неколку музеи посветени на Рерих низ целиот свет, додека неговите слики се изложени во некои од најпознатите светски галерии.