Александар Солженицин е култен руски писател на 20 век. Легендарниот дисидент кој го преживеа ГУЛАГ-от е награден со Нобеловата награда за литература во 1970 година „за етичката сила со која ги следи исконските традиции на руската литература“. Сепак, дури во 1974 година, кога го напушта Советскиот Сојуз, може официјално да ја прими наградата.
Неговите најпознати дела се посветени на логорите, а славата ја добива со „Еден ден од животот на Иван Денисович“ која за чудо е објавена со одобрение на Хрушчов.
Објавувањето на неговото монументално документарно ремек-дело „Архипелагот Гулаг“, кое ги опишува советските логори како систем, води кон неговиот прогон од СССР, во кој се враќа дури по распадот на земјата.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче