Американскиот режисер Сајрус Наурасте ќе сними филм за советскиот дисидент, автор на познатиот роман „Архипелагот Гулаг“, добитник на Нобеловата награда, Александар Солженицин.
Наурасте е познат по остварувањата како „Каменувањето на Сорај М.“ во која се опишуваат бруталните закони на шеријатот и скандалозната мини серија „Патот до 11 септември“.
„Раскажувањето на приказната за херојскиот живот на Александар Солженицин е голема чест за мене“, изјави режисерот.
Основата на сценариото ќе биде книгата на Доналд Мајкл Томас: „Александар Солженицин: Векот во неговиот живот“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче