На денешен ден: Русија ги слави Копнените сили

Историја
СТЕПАН ИВАНОВ
Првата регуларна армија беше формирана на овој ден во 1550 година.

Ова е професионалниот празник на војниците на Копнените сили на Русија кој секоја година се одбележува на 1 октомври. Прославата е по повод денот кога царот Иван Грозни издава посебен документ во 1550 година за формирање на регуларна армија.

Денот на Копнените сили се одбележува од 2006 година. Празникот го слават сите војници на копнената војска, вклучувајќи ги пешадинците, тенкистите, артилерците.

Копнените сили се најбројните во руската армија.