Пред 100 години: Роден легендарниот драмски режисер Јуриј Љубимов

Историја
СТЕПАН ИВАНОВ
Тој беше една од најмаркантните театарски фигури во Русија

Јуриј Љубимов, роден на 30 септември 1917, беше театарски режисер од извонредна важност за Русија. Го презема московскиот Драмски театар „Таганка“ во 1964 и со своите актери повторно го создава рускиот авангарден театар од 1920-те години.

Серија скандали го потресува Љубимов на почетокот на 1980-те – првин неколку негови драми се забранети, а потоа тој ја критикува советската влада. Како резултат на тоа, одземено му е советското државјанство. Во 1988 на Љубимов му е дозволено да се врати во Советскиот Сојуз, каде тој продолжува да режира драми во театарот „Таганка“.

Јуриј Љубимов останува директор на театарот сѐ до конфликтот што настана меѓу него и трупата во 2011, по што тој заминува од театарот. Продолжува да режира во театарот „Вахтангов“ и театарот „Бољшој“.

Почина на 5 октомври 2014 година во Москва, неколку дена по неговиот 97 роденден.