На 28 септември 1953, Никита Хрушчов стана Прв секретар на Централниот комитет на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз, де факто лидер на Советскиот Сојуз. Овој период е познат како ерата на „одмрзнување“. Периодот вклучуваше откривање на култот на личноста на Сталин, летот во вселената на Гагарин, „Хрушчовките“ (станбените згради од времето на Хрушчов“), процут на литературата и филмот и друго.
Сепак, името на Хрушчов се асоцира со една од најсуровите советски антирелигиозни кампањи, потиснувањето на Унгарското востание во 1956 година и, се разбира, Студената војна меѓу СССР и САД.
На 14 октомври 1964 Хрушчов беше отстранет и испратен во пензија. Леонид Брежнев стана новиот лидер на Советскиот Сојуз.