Пред 202 години: Русија, Австрија и Прусија го формираа Светиот сојуз

Историја
СТЕПАН ИВАНОВ
Главната цел на сојузот беше борба против револуционерните дејствија.

Светиот сојуз од 1815 година се случи после падот на империјата на Наполеон. На 26 септември царот Александар I, австрискиот император Франц I и прускиот крал Фредерик Вилијам III го потпишаа „Актот на Светиот сојуз“ во Париз.

Франција му се приклучи на Сојузот во ноември. Подоцна, сојузот ги собра сите европски владетели освен на Велика Британија и Турција.

Целите на Сојузот беа задржување на поствоените граници во Европа и спроведување бескомпромисна борба со револуционерните дејствија.

На тој начин беа потиснати револуционерните движење во Шпанија (1820-1823), Неапол (1820-1821), Пиемонт (1821) и Грција (1821). Сепак, несогласувањата меѓу членките на сојузот станаа толку значителни (особено во врска со нивното мешање во внатрешните работи на другите земји) што сојузот фактички престана да постои во1830-те. Неговиот последен конгрес се одржа порано, во 1823 година.