„Беше лош стрелец“: животот на Ли Харви Освалд во СССР

Историја
ОЛЕГ ЕГОРОВ
На 20 септември 1959 година Ли Харви Освалд, кој се смета официјално за убиецот на американскиот претседател Џон Кенеди, го започнува своето идеолошко патување во Советскиот Сојуз. Првично се прогласува за комунист, но на крајот Освалд се разочарува од советската реалност и се враќа во САД. Но, оние кои го познаваат во СССР, силно се сомневаат дека тој би можел да го убие Кенеди.

Кога советските власти го отфрлија барањето на Ли Харви Освалд за продолжување на еднонеделната туристичка виза со која пристигнал во СССР од Финска во почетокот на октомври 1959 година, тој ги сече вените во хотелската бања. 19-годишниот поранешен морнар Освалд не може да ја поднесе идејата за враќање во САД.

Неколку дена претходно тој пристигнува во Москва по кружниот пат. На 20 септември го напушта Њу Орлеанс за Ле Авр, Франција, под изговор дека оди во Европа да учи. Но, тоа не било така. Летал во Хелсинки, каде што му била издадена советска виза. Сето тоа било дел од претходно смислениот план - младиот марксист бил обземен од идејата да живее во социјалистичка држава.

Несакан гостин

За советите пристигнувањето на Освалд е ненадејно и неочекувано. По посетата на Никита Хрушчов во САД во септември 1959 година идејата за американски емигрант во СССР (особено бескорисен како Освалд) не е пожелна за Русите. Но, по обидот за самоубиство властите одлучуваат дека еден мртов Американец во Москва е далеку полошо, одошто да му се овозможи на Освалд да остане. 

Среќен, тој јавно се откажа од американското државјанство (иако никогаш да не го прави тоа официјално) и изразува желба да учи на Московскиот државен универзитет. Но, наместо тоа советските власти го испраќаат во Минск, денешната престолнина на Белорусија, за да работи како стругар во фабриката за производство на телевизори и радија „Ленин“. Според неговиот дневник тој ги прашал официјалните лица дали Минск е во Сибир, а тие само му се насмеале. 

Тој не е голем работник 

Како странец Освалд има преведувач од руски јазик во фабриката - Станислав Шушкевич, кој е едно од ретките што го владеат англискиот јазик лица во одделот во кој работи Американецот. Мошне чуден и интересен е фактот кој не е поврзан со Освалд: Шушкевич стана првиот лидер на независна Белорусија (1991-1994 година).

Во едно интервју Шушкевич потсетува дека идниот стрелец од Далас бил многу уреден и чист, што не противречи на фактот дека бил „нула како стругар“. Исто така тој го карактеризира Освалд како „слабак“ и се сомнева дека неговиот поранешен колега всушност можел да го убие Кенеди.

Сомневањата остануваат

Белоруската новинарка Лариса Саенко ги цитира разговорите со друг колега на Освалд - Павел Головачов, кој исто така се сомнева во убиство на американскиот претседател од неговиот познаник. Според Головачов Освалд бил лош стрелец и дури слабо се покажал во натпреварите во пукање во фабриката.

Се разбира, ова се само мислења, тие не се нужно вистинити. Александар Лукашук - новинар од Белорусија, кој објави книга за животот на Освалд во Минск, е согласен со американскиот биограф Норман Мајлер: Освалд го убил Кенеди и дејствувал сам. Сепак, се чини дека шпекулациите околу интервенцијата на Освалд за смртта на Кенеди ќе продолжат. 

Луксуз и здодевност во Минск

Животот на Освалд во Минск може да се спореди со аристократски - ако во социјалистичката држава има аристократи. Платата му била 700 рубли месечно (2.800 американски долари во 1959 година), а добива дополнителни 700 рубли месечно од Црвениот крст, со што располага со вкупно 1.400 рубљи (5.600 американски долари) месечно. За споредба обичен работник во фабрика заработувал по 70 рубли (280 американски долари) месечно. „Немам каде да ги трошам парите“, се жалел младиот Американец во својот дневник. 

На Освалд на крајот на краиштата животот во Минск му здодеал и се пожалил на недостатокот од ноќни клубови и куглани како и места за релаксација, покрај синдикалните танци. Советскиот начин на живот заедно со политичката пропаганда и неофицијалниот скептицизам кон комунистичката идеологија меѓу неговите пријатели, исто така го разочараа. 

Понекогаш носталгичен 

Бегалецот сака да се врати дома, што и го прави, иако во Минск ја наоѓа својата љубов и се жени за Марина Прусакова. Набргу потоа се раѓа и нивната ќерка, а Освалд ја убедува Марина да замине со него за Америка. 

Во текот на летото на 1962 година семејството Освалд се преселило во Далас, а Марина добива американско државјанство како сопруга на Ли Харви. Помалку од половина година подоцна, на 22 ноември 1963 година, 35 претседател на САД Џон Кенеди е убиен токму во Далас. Освалд е главен осомничен и е убиен два дена подоцна. Оваа вест ги шокирала советските пријатели на Освалд.