„Пламени зори ме будат од сон“: Како советскиот народ изгради нова држава

Историја
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Советскиот Сојуз во времето на Сталин (1922-1953) се развивал со молскавична брзина, За мошне кус период се граделе хидроелектрани, канали, пруги и се реализирале многу други обемни проекти. Особено е интересно што во сенародното движење за изградба учествувала повоената генерација која за новите семејства изградила големи блокови станбени згради.

На фотографијата се прикажани ѕидари на градилиштето во Череповец, 480 километри северно од Москва. Во процесот на изградба учествувале сите, а оние највредните од Комунистичката парија добивале дополнителни пари и слободни денови.

Денес оваа зграда се наоѓа во новата московска населба Хорошово-Мњовники. Луѓето имале мотивација да учествуваат во изградбата на станбени згради за своите семејства со цел повеќе да не живеат во заеднички станови. Вистински луксуз било да се има сопствен стан, макар и сосема мал.

Дури и кога во Москва биле изградени познатите Сталински висококатници „Седум сестри“, населбите во предградијата личеле на села. Често во непосредна близина на станбените згради можела да се види дрвена куќа, а во позадината на зданието Московскиот државен универзитет (како на оваа фотографија).

Многу станбени згради во Советскиот Сојуз се градени според ист проект. Овој обичај со шега е прикажан во познатиот советски филм „Иронија на судбината или на здравје бањање“. Еден московјанин под дејство на алкохол по игра на случајност се наоѓа во Санкт Петербург и влегува во зграда на истата адреса како московската, и во стан кој е сосема идентичен како неговиот во Москва. Успева дури и да ја отклучи вратата со сопствениот клуч.

Популарно обележје на сеопштата изградба во Советскиот Сојуз била сликата на убави жени кои имаат исти права како и мажите и заедно со нив работат на градилиште.

Советскиот филм „Височина“ од 1957 година ја велича работата на монтерите на височина кои учествувале во најважните градежни проекти во СССР. Во филмот игра популарниот руски глумец Николај Рибников. Особено е впечатлив делот од песната од филмот: „Ние не сме ложачи на котли, ниту столари... Ние сме монтери на височина и ви испраќаме поздрави од височината!“

Советската младина сметала дека учеството во вакви проекти не е само прашање на честа, ами и интересен начин да се помине времето, но и добро место да се пронајде идниот брачен другар. На фотографијата е прикажан концерт за работниците приреден а градилиште.

Погледнете ги овие млади убавици кои се одмораат на градилиштето. Во Советскиот Сојуз жените биле повеќе од феминистки. Веќе споменавме дека работеле исто како и мажите. Тогаш на раководните должности имало повеќе жени одошто денес.

Во советско време луѓето добивале станови на долгорочно користење, а не како лична сопственост. Предноста во добивањето приватен станбен простор ја имале раководителите во индустријата и во производството, како и повластени групи луѓе (воени ветерани, партиски работници...). Во осумдесеттите години разработена е програма за млади семејства, па добивањето приватен стан станало поедноставно.

Граѓаните на Советскиот Сојуз веројатно не знаеле дека во нивната држава никогаш нема да биде остварен комунизмот во вистинската смисла на зборот. Но, тие биле задоволни со колективната работа, со системот на општествена сопственост и со молскавичниот развој на нивната земја. На фотографијата се прикажани студенти од Московскиот државен универзитет на летна градежна акција на островот Соловки.