Жестока љубов: Како во Советскиот Сојуз ги враќаа децата на улицата на вистински пат

Историја
БОРИС ЕГОРОВ
Еден од најголемите социјални проблеми во првите години од советската власт претставуваа децата-бездомници. Овој проблем е решен преку социјалните програми кои им помагаа на децата да се прилагодат на нормален живот.

Бројот на деца-бездомници во руските градови драматично пораснал по Првата светска војна, граѓанската војна и големиот глад што следува.

Во раните дваесетти години од минатиот век бројот на децата на улица во СССР пораснал на 6-7 милиони и проблемот станал акутен, така што Владимир Ленин го зел под своја контрола.

На 12 април 1928 година органите на редот тргнале во лов на деца-бездомници по целата земја. Во големите градови војската била задолжена да ги чува местата во кои присилно ги држеле децата.

Најцврстите деца се спротивставиле, кршеле прозорци, развалувале врати, се тепале со стражараите и бегале поединечно или во групи. Полицијата со нив постапувала како со возрасни криминалци.

Помирните деца ги сместувале во домови за сираци, им нуделе образование, ги учеле на занает и правеле од нив пионери. На семејствата им била нудена еднократна парична помош како стимул за посвојување деца без родители. Овие мерки биле толку успешни што кризата на децата од улица била решена во 1935 година.

Во дваесеттите и во триесеттите години од минатиот век биле организирани специјални комуни со кои децата управувале сами, учеле и работеле во нив. Прочуениот советски педагог Антон Макаренко работел во една ваква комуна и придонел многу за децата-бездомници да се приспособат на општеството.

Но со почетокот на Втората светска војна децата повторно ги преплавиле улиците на градовите. Многумина останале без родители, без грижа од општеството и власта, и се занимавале со криминал за да опстанат. Од 1941 до 1944 година бројот на злосторства што ги имаат извршено деца пораснал за трипати. Многу цеца во тие години завршувале во воспито-поправните домови.

По Втората светска војна властите вложиле многу средства во отворање на домови за деца, детски градинки и училишта во кои незгрижените деца учеле занаети. Државата добро следела како децата живеат во своите нови семејства.

Советскиот систем не се обидувал да ги потсетува на бездомното минато. Минатото било неважно доколку детето не скршнувало од патот. Важно било само овие деца да станат корисни, активни членови на општеството.

Обидите на советските власти да се намали бројот на деца-бездомници успеал благодарение на ефикасните програми за рехабилитација.