Да се разбере мистериозната руска душа: 10 цитати од познати личности за Русија

Историја
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Со векови странците се труделе да ги сфатат жителите на руските земји. Големината на Русија и разновидноста на националностите придонесоа да се формира национален карактер кој многу тешко може да се дефинира.

1. Марк Твен, американски писател од XIX век 

„Америка многу ѝ должи на Русија; должник ѝ е на многу начини; а особено за нејзиното непоколебливо пријателство во времето на нејзините најголеми потреби. Се молиме со надеж истото пријателство да продолжи и во времето што доаѓа; дека е, и ќе ѝ биде благодарна на Русија и на нејзиниот Суверен за тоа, многу добро знаеме; дека ќе биде предавство да се верува дека таа еден ден ќе го изневери тоа пријателство со каков било смислена, неправедна и нечесна постапка“.

(Од писмото на Марк Твен до царот Александар II)

2. Винстон Черчил, премиер на Велика Британија (1940-1945; 1951-1955)

„Не можам да предвидам како ќе постапи Русија. Тоа е загатка, замотана во мистерија внатре во енигма, но можеби постои клуч за нејзиното решавање. Тој клуч се руските национални интереси“.

(Во радио-емисија, октомври 1939)

3. Шарл де Гол, претседател на Франција (1959-1969)

„Рускиот народ никогаш нема да биде среќен ако знае дека некаде постои неправда“.

4. Џорџ Бернард Шо, британски писател од XX век

„Ја напуштам земјата на надежта и се враќам во земјата на очајот (...) Мачење е да се вратите во капитализам. Кога сте го виделе болшевизмот од прва рака, нема сомнение дека капитализмот е осуден на пропаст“.

(На прошталната вечера во Москва)

5) Ото фон Бизмарк, првиот канцелар на обединетото Германско царство (1871-1890)

„Дури ни најповолниот крај на војната никогаш не завршува со уништување на главниот центар на моќта во Русија, кој се базира н милиони Руси од грчка (православна) вера. Дури и ако ги поделите со мировен договор, тие ќе се обединат толку брзо како распрскани капки жива“.

6. Теодор Рузвелт, 26 претседател на САД (1901-1909)

„На Русија ѝ предвидувам голема иднина. Сепак, таа ќе мора да издржи големи искушенија и можеби и да се соочи со сериозни потреси, но тоа ќе помине и тогаш Русија ќе се издигне и ќе стане бедем на Европа, можеби дури и најмоќната империја на светот“.

7. Бернард Монтгомери, британски фелдмаршал

„Првото правило на првата страница на книгата за војната гласи: „Не марширајте на Москва“. Разни луѓе се обидоа да го направат тоа, Наполеон и Хитлер, и тоа не е добро“.

(Во текот на говорот во Домот на лордовите, 30 мај 1962)

8) Фридрих Ниче, германски филозоф од XIX век

„Ако на површина избие волјата (за зачувување на традицијата, авторитетот, одговорноста за сите изминати векови, и солидарноста на минатите и идните генерации), тогаш се појавува нешто слично на Римската империја, или Русија – единствената земја која во денешно време има иднина“.

9) Чарлс Болен, американски амбасадор во Советскиот Сојуз (1953-1957)

„Во два случаја дефинитивно можеме да кажеме дека си имаме работа со лажго: ако човек каже дека може да пие цела ноќ шампањско без да се опие и ако каже дека ги разбира Русите“.

10) Јаша Хајфец, американски виолинист од руско потекло

„Еден Русин е анархист, двајца Руси се шаховска партија, тројца Руси се револуција, а четворица Руси се Будимпештанскиот жичен квартет“.