Вевер им се обратил на главните германски производители на бомбардери, фабриките Дорниер и Јункерс. Побарал од нив за Луфтвафе да дизајнираат летало кое ќе може да однесе бомби до планинските бариери кои ја одвојуваат Европа од Азија. На тој начин Германија можеше да се надева дека ќе го неутрализира производството на руското советско оружје и дека нема да ги испрати своите војници многу подалеку од Москва, каде би можеле да станат плен на одбранбените маневри и на контранападите на Црвената армија.
Архива
Два „Уралбомбери“
Споменатите фабрики ги претставиле своите проекти на бомбардер за напад врз Урал:
Дорниер До 19
Прототипот на авионот Дорниер До 19 В1 полетал на 28 октоври 1936 године. Имал четири мотори, можел да понесе девет членови на екипажот и бил опремен со одбранбено оружје. Тоа бил првиот германски бомбардер со митралези во дорзална и в централна купола, нос и опаш.
Архива
Јункерс Ју 89
На 11 април 1937 полетал прототипот Ју 89 Д-АФИТ (V1, c/n 4911). Само двe недели подоцна развојот на проектот на германски бомбардер на голема оддалеченост е прекинат. Но, Јункерс за два месеци го има изградено напредниот прототип Д-АЛАТ кој можел да пренесе 5.000 килограми експлозив на надморска височина од 9312 метри и на оддалеченост од 2.980 километри. Тоа било доволно за напад на Урал, само да можел да полета од окупирана Москва.
Според некои извори се смета дека Јункер 89 бил подобро опремен од авионот Дорниер До 19.
Архива
Што се случило потоа?
За среќа на Русија главниот промотер на германската стратешка авијација загинал во авионска несреќа на 3 јуни 1936 година што го запрело проектот на самиот почеток. Вевера го заменил Алберт Кеселринг кој станал фелдмаршал на Луфтвафе и, со благослов на маршалот Геринг, на 23 април 1937 година ги укинал сите програми за стратешки бомбардери. Кеселринг и Геринг им давале предност на помалите, полесни и побрзи авиони.
Архива
Оваа одлука ги принудила воените единици на Вермахтот четири години да се борат се секој квадратен метар од советската територија, залудно обидувајќи се да ја фрлат на колена огромната комунистичка држава.
Што се случило со произведените авиони?
Дорниер 19 станал дел од единицата KGrzbV 105 која учествовала во инвазијата на Норвешка во 1940 година. Јункерс 89 ги инспирирал инженерите да направат патнички Јункерс 90 кој го користела Deustche Lufthansa. Ју 90 исто така бил користен како поморски патролен авион и како авион за извидување. Во 1942 година на проектот Уралбомбер му бил даден нов живот, но под ново име: Америкабомбер. Целта, исто така, била друга: Њујорк.