Бородинската битка – позната меѓу Французите како Битката за Москва – беше една од најкрвавите во сите војни на Наполеон, надминувајќи ја и онаа кај Ватерло. Бородинското поле се наоѓа во близина на градот Можајск во Московскиот регион. Во текот на борбата што почна на 7 септември во 6 часот, а заврши на 8 септември во 18 часот, во просек гинеа по 2500 луѓе на секој час. Според различни процени, руската армија загуби околу 38000 души, а француската – околу 58000. Погребувањата на загинатите траеја до мај 1813 година.
Иако Французите се здобија со тактичка победа, сепак тие не успеаја да ги уништат руските сили под команда на генералот Михаил Кутузов. Повлекувањето на руската армија по битката кај Бородино резултираше со уништување на поголемиот дел од Москва, која беше запалена од Русите. Окупацијата на престолнината не доведе до пораз на Русите, туку до распад на француската Велика армија. До крајот на декември, остатоците од армијата на Наполеон беа истерани од Русија.
8 септември е Ден на Воената слава во Русија од 1995 година.