Новиот договор ќе овозможи обемот на испораките на гас во Кина да се зголеми за 10 милијарди кубни метри, достигнувајќи 48 милијарди кубни метри годишно, вклучувајќи ги и испораките преку гасоводот „Силата на Сибир“.
„Гаспромˮ и кинеската компанија CNPC склучија договор за продажба на гас од Далечниот Исток на Кина, се наведува во соопштението на руската компанија.
President of Russia / Global Look Press
„Гаспром“ и Кинеската национална корпорација за нафта и гас (CNPC) потпишаа долгорочен договор за продажба на природен гас по далекоисточната маршрута. Потпишувањето на документот е важен чекор во понатамошното зајакнување на заемната соработка на Русија и Кина во гасната сфера“, се наведува во соопштението.
Се очекува обемот на испораки на руски гас на Кина да се зголеми за 10 милијарди кубни метри и да достигне 48 милијарди кубни метри годишно (вклучувајќи ги испораките преку гасоводот „Силата на Сибир“).
President of Russia / Global Look Press
Претседателот на Управниот одбор на компанијата Алексеј Милер изјави дека веќе вториот договор за гас со Кина сведочи за „највисокото ниво на заемна доверба и партнерство“ меѓу двете земји. „Нашите кинески партнери од компанијата CNPC веќе успеаја да се уверат дека „Гаспром“ е сигурен снабдувач на гас“, истакна тој.