Путин: Русија ќе стане еден од најголемите извозници на водород

Економија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Русија веќе во 2035 година може да стане еден од најголемите светски производители и извозници на водород, изјави Владимир Путин.

„Во наредните години ќе бидат лансирани пилот-проекти за производство на водород за потребите на енергетиката, транспортот и индустријата, кој има минимална емисија на стакленички гасови“, рече рускиот претседател на 26 јануари на средба со италијански стопанственици.

Путин додаде дека Русија презема важни чекори за создавање економија со ниска содржина на јаглерод.

„До 2060 година планираме и да се откажеме од водородот“, изјави Путин.