Дали Русија може дополнително да ја зголеми испораката на гас за Европа?

Економија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Русија ја зголеми максимално испораката на гас за Европа согласно важечките договори и не може да го зголеми извозот на горивото, предупреди портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, пренесува ТАСС.

„Може да се каже дека Русија беспрекорно ги исполнува сите договорни обврски до крај, односно сите количини на испорака се зголемени до можниот максимум според договорите и спогодбите што ги имаме“, изјави портпаролот на Кремљ. Тој препорача прашањата за испораката да бидат упатувани до „Гаспром“.

По состанокот за енергетски прашања на почетокот на октомври, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва е подготвена да ја зголеми испораката на гас за Европа со цел да ги стабилизира пазарните цени. На 6 октомври, фјучерсите за гас се приближија до 2000 долари за кубен метар. По изјавата на претседателот, гасот поевтини. Од 13 октомври се продава за 1100 долари, пишува „Лента.