Руската економија го бележи најбрзото темпо на раст од 2000-та година откако во земјата се укинати ограничувањата поврзани со пандемијата на коронавирус, соопштува „Блумберг“.
Бруто домашниот производ (БДП) на Русија во вториот квартал е зголемен за 10,3%. Покрај тоа, порасна прометот во малопродажбата, превозот на патници и преработувачкото производство. Според економистот Скот Џонсон, економијата на Русија се вратила на претходните показатели „многу побрзо отколку што се очекуваше“. Џонсон истакнува дека во третиот квартал растот на БДП ќе се намали, бидејќи ефектот на укинување на пандемиските граничувања ќе спласне.
Од друга страна, агенцијата „Морган Стенли“ ја коригираше прогнозата за раст на БДП во Русија „земајќи ги предвид неочекувано позитивните податоци и поконструктивната прогноза за цените на нафтата“. Се очекува тој раст во 2021 година да изнесува 4,6%, а во 2022 година 3,2%.
Претходно во медиумите беше соопштено дека Русија бележи побрз раст на економијата од САД, бидејќи според оцената на Државниот завод за статистика на РФ „Росстат“, Русија во вториот квартал забележала раст на бруто домашниот производ за 10,3% на годишно ниво.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче