Приходите на „Гаспром“ од извоз на гас во првите шест месеци од оваа година енормно зголемени

Економија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Приходите на „Гаспром“ од извоз на гас во првите шест месеци на 2021 се енормно зголемени, за речиси 73 отсто на годишно ниво и изнесуваат 20,01 милијарди долари, се наведува на сајтот на Федералната царинска служба на РФ (ФТС).

Физичкиот обем на извоз порасна за 15,3 отсто (на 108,4 милијарди кубни метри). Во јуни „Гаспром“ извезуваше 15,7 милијарди кубни метри. Вредноста на испораките изнесуваше 3,556 милијарди долари (зголемување во однос на мај 11,6 отсто).

Во јуни просечната извозна цена на испораките порасна на 226,5 долари за илјада кубни метри во однос на 199,7 долари во мај и 185,5 долари во април.