Руската нафта незаменлива на светскиот пазар

Reuters
На светскиот пазар на црно злато во овој момент не би било можно да се замени руската нафта, а на пазарот на енергенси да не дојде до експлозија, изјави Леонид Федун, потпретседател и косопственик на „Лукоил“ и заменик-претседател на Одборот за клима на Руското здружение на индустријалци и претприемачи.

„Русија обезбедува практично десет отсто од светското производство на нафта, а замената на таа нафта е невозможна без експлозија на пазарот на енергенси”, наведе Федун. Како што истакна тој, многу малку е веројатно дека западните земји ќе воведат ограничувања во трговијата со руска нафта.

Тој исто така се осврна и на секторските санкции кои се одразија на арктичките проекти поврзани со работите длабоководниот шелф и добивањето нафта од шкрилци. „Тие ограничувања доведоа до тоа завладувањето со резервите на рускиот Арктик да биде одложено на подолго време“, рече потпретседателот на „Лукоил“. „Во светот нема побарувачка на скапа нафта, ниту ќе има во следните децении. Се разбира, тие санкции имаат одредено влијание, но Русија во прилична мерка се прилагодува на нив“, рече Федун.

Тој го означи ОПЕК Плус како главен договор во врска со нафтата, потенцијално вечен, како што се изрази, под претпоставка дека би можел да биде продолжи на неодредено време. „Треба да се признае дека договорот ОПЕК Плус има долгорочна историска перспектива. Во услови на нова климатска реалност тој е можеби и засекогаш склучен“, нагласи Федун.

Како што истакна тој, во моментов по прашањето за регулирање на пазарот на енергенси во светот не постои соодветна алтернатива на организациите како што е ОПЕК (Организација на земјите-извознички на нафта) и договорите што тие ги склучуваат.

Според потпретседателот на „Лукоил“, постои став дека во 2019 година беше достигнат врвот во производството на нафта. „Но, нашата прогноза е поинаква, ние сметаме дека може да дојде до таканаречен супер циклус. На пример, во овој момент забележуваме раст на побарувачката и цената на цементот и металите. Нафтата се држи на пријатно ниво од повеќе од 60 долари за барел, затоа доаѓа до закрепнување“, рече тој.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња