„Форбс“ објави листа на најбогатите руски бизнисмени

Павел Дуров

Павел Дуров

Global Look Press
Магазинот „Форбс“ состави листа на најбогатите луѓе на светот во 2020 година. На првото место на листата најбогати бизнисмени во Русија се најде мнозинскиот сопственик на руската компанија „Северстаљ“ Алексеј Мордашов.

Според „Форбс“, богатството на Мордашов и неговото семејство се проценува на 29,1 милијарди долари, пренесуваат руските медиуми.

Меѓу тројцата најбогати руски бизнисмени се најдоа сопственикот на компанијата „Норникељ“ Владимир Потанин, чие богатство се проценува на 27 милијарди долари, и главниот акционер на групацијата НЛМК Владимир Лисин со 26,2 милијарди долари.  

Во десетте најбогати руски бизнисмени спаѓаат претприемачот Генадиј Тимченко (22 милијарди долари), првиот човек на компанијата УСМ Холдингс Алишер Усманов (18,4 милијарди долари), мнозинскиот сопственик на фирмата EuroChem Андреј Мељниченко (17,9 милијарди долари), основачот на „Телеграм“ Павел Дуров (17,2 милијарди долари), сенаторот Сулејман Каримов и неговото семејство (15,8 милијарди долари) и основачот на „Алфа банка“ и прв човек на компанијата LetterOne Михаил Фриман (15,5 милијарди долари).

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња