Богатството на руските милијардери во периодот од април до крајот на јули порасна за 20 насто на 467,6 милијарди долари, соопшти агенцијата Prime, повикувајќи се на студија на PwC-a и UBS.
Според достапните податоци, на 7 април богатството на најбогатите луѓе во Русија беше проценето на 388,9 милијарди долари. Во Русија во моментов има 102 милијардери, доколку пресметките се вршат во американски долар.
Според студијата, придвижувачи на тој раст се секторите за финансиски услуги, индустријата, забавата и медиумите.
Авторите на студијата укажуваат на фактот дека сите руски милијардери сами го стекнале своето богатство, односно не го наследиле.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче