Извозот на руска земјоделска механизација во 2020 година достигна рекордно ниво

Економија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Извозот на руска земјоделска механизација според податоците за 2020 година ги собори сите рекорди остварени претходните години така што скокна за 30 отсто и надмина 16 милијарди рубли.

Ова во интервју за телевизиската станица „Русија 24“ го изјави заменик-министерот за индустрија и трговија на РФ Александар Морозов.

„Извозот на земјоделска механизација и минатата година беше рекорден. Тој порасна за 30 отсто и надмина 16 милијарди рубли. Денес ги извезуваме нашите познати трактори „Кировец“ и познатите комбајни, да речеме, на „Ростселмаш“ во Германија, Австрија и Канада. И се надевам дека конечно ќе се вратиме во Австралија догодина“, рече тој.  

Како што истакна Морозов, задачата што беше пред инженерите на земјоделска механизација подразбираше подготовка на нова линија современа техника. Таа линија стана база за враќање на руските комбајни и трактори на меѓународниот пазар, нагласи тој.