Претседателот на Русија Владимир Путин изнесе предвидување дека приносот на жито 2020 година ќе достигне 134 милиони тони. Ова тој го изјави на годишната прес-конференција.
„Последниве шест години имаме рекордни приноси. Годинава приносот ќе биде 131 милион тони, можеби дури и 134 милиони тони“, рече тој.
Претходно министерот за земјоделство на Русија Дмитриј Патрушев зборуваше за тоа дека приносот на жито во Русија 2020 година веројатно ќе биде 131 милион тони. Приносот на жито 2019 година во Русија беше 121,2 милиони тони, а само на пченица 74,45 милиони тони.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче