Во моментов е во тек процесот на технички прием и добивање дозвола за работа од надлежните државни органи, за „Балкански тек“ и официјално да стане оперативен, пренесува агенцијата ТАСС.
Овој цевковод е продолжеток на гасоводот „Турски тек“ преку територијата на Бугарија, со кој, како што пишува во официјалните документи, се проширува инфраструктурата за транспорт на руски гас.
Гасоводот „Турски тек“, кој беше пуштен во работа на 8 јануари оваа година, се протега од Русија преку Црното море до Турција, разгранувајќи се понатаму до границите со соседните земји - Бугарија и Грција.
Гасот преку овој цевковод веќе се извезува во Грција, Бугарија и С. Македонија.
Испораките на гас за Србија и Унгарија ќе почнат по завршувањето на изградбата на целокупната инфраструктура.
Должината на бугарскиот крак на гасоводот е 474 километри.