Русија ги пополнува стратешките шумски резерви

Економија
RUSSIA BEYOND
„Рослесхоз“ ќе издвои 56,5 милиони рубли за пополнување на Федералниот фонд на шумско семе. Со предвидените средства е планирано купување на седум тони семе на ела, смрека и ариш.

Тоа ќе овозможи обнова и култивација на шумите во регионите во оваа земја, дури и во случај на вонредни состојби и елементарни непогоди, наведува службата за односи со јавноста на Министерството за природни ресурси и екологија.

Според информациите од наведениот ресор, првенствено ќе бидат набавени мали четинари кои ќе бидат складирани во Федералниот фонд во подмосковскиот град Пушкин. За 2023 година е планирана набавка на семе на кедар кое ќе се складира во Сибирскиот федерален округ.

Федералниот фонд на шумско семе постои од 2017 година. Создаден е заради помош на регионите со ограничени услови на набавка, како и за оние погодени од елементарни непогоди. Фондот досега купи преку 23 тони семе. Постоечките стратешки резерви ќе овозможат обнова на шумите во сите региони во Русија.