„Водородот има голем потенцијал во енергетиката. Русија му придава големо внимание и активно се занимава со научни истражувања на тоа поле“, ја пренесува агенцијата РИА „Новости“ изјавата на рускиот министер. Новак истакнува дека фосилните горива како извор на енергија во светот и понатаму широко ќе се користат. „Дури и во 2050 година фосилните горива ќе бидат на прво место во светот. Можеби во Европа ќе биде поинаку. Затоа е важно денес да сфатиме какви ќе бидат условите за да можеме да ја обезбедиме со енергија целата планета“, објасни Новак.
Ова не е првпат руските власти да зборуваат за намалување на зависноста од нафта. Нешто слично изјавуваше и претседателот на Советот на Руската Федерација (Горниот дом на рускиот парламент) Валентина Матвиенко, која предвидува дека до 2023 година значително ќе се намали заработувачката од руската нафта.