До неодамна возилата марка Lada официјално се продаваа во пет европски земји: Германија, Австрија, Бугарија, Литванија и Унгарија. Во странство, освен некогашната Лада Нива 4x4, по цена од 11990 евра, заминуваа и седаните и универзалните возила Vesta. Во текот на 2019 година во Европа беа продадени 5552 нови руски возила, што е за 4,26% повеќе отколку во 2018.
Што се однесува до теренецот, тој беше најбараниот модел на Lada на европскиот пазар. Минатата година дистрибутерите продадоа 2,9 илјади примероци, што беше најдобриот резултат во последните девет години. Уште 625 теренци Европејците набавија за четири месеци од 2020 година, при што еден купи и братот на Михаил Шумахер, Ралф Шумахер.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче