Како што пренесуваат медиумите, возилото ќе му користи за патување до куќата надвор од градот и превоз на вино, за што има посебна приколка.
Не е познати дали Ралф сам се одлучил за антикорозивен третман на каросеријата или некој му го препорачал тоа, но едно е сигурно, кога е во прашање дното на автомобилот, праговите и долните дел на вратите може да биде мирен, нема брзо да пропадне.
Возилото доби и нова суспензија и зголемен клиренс. Како што изјави Ралф во еден одговор на коментарот за залудноста на зголемувањето на клиренсот: „Повисоко не е пониско“.
Во коментарите се огласија и Русите. Еден од нив иронично напиша дека токму тоа е случајот кога шише вино е поскапо од нов автомобил. Ралф Шумахер инаку е и производител на вино.
Во Германија Taiga 4x4 се продава со ист мотор како и во Русија, само што моторот во извозната верзија одговара на стандардот „Евро 6“. Цената на „Нива“ во Германија почнува од 11990 евра. Во Русија возилото со три врати чини најмалку 566900 рубли (околу 7300 евра).
Во Русија „Лада 4X4“ е опремена со 1,7-литарски бензински мотор со 83 коњски сили, со петстепен мануелен менувач и погон на сите четири тркала. Се произведува и верзија со пет врати.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче