На оваа тема тој зборуваше во интервјуто за новинската агенција ТАСС, во склоп на специјалниот проект „Дваесет прашања за Владимир Путин“.
Како што објасни рускиот претседател, во деведесеттите и двеилјадитите години олигарсите влијаеја на донесувањето државни одлуки како по прашањето на внатрешната политика, вклучувајќи ја и економијата, така и во доменот на надворешната политика. Според неговите зборови, таквата ситуација е недозволива.
„Раководителите на компаниите во овој момент немаат такви привилегии“, рече Путин.
Шефот на руската држава истакна дека во современа Русија сериозно влијание на тајкуните врз власта не е ни можно и тие добро го сфатиле тоа.
„Дури и не влегуваат во политика“, нагласи Путин.