ЛУКОИЛ ја додели наградата ŠKODA KAROQ

Економија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
На 10 јануари се одржа церемонијата на доделување на главната награда од наградната игра „Полни, патувај и добивај!“ на ЛУКОИЛ Македонија.

Со доделувањето на главната награда ŠKODA KAROQ, ЛУКОИЛ Македонија ја заврши наградната игра за 2019 година.

Зоранчо Петановски од Скопје ја доби главната награда – ново возилo ШКОДА КАРОК. Клучевите од автомобилот на победникот му ги врачи амбасадорот на Руската Федерација Сергеј Баздникин, кој во своето обраќање потенцира:

„Започна новата 2020-та година. За компанијата ЛУКОИЛ Македонија, која веќе 15 години успешно работи на македонскиот пазар, претходната година донесе големи резултати, кои се дел од успехот на групата ЛУКОИЛ на глобално ниво. Во земјава ЛУКОИЛ Македонија го потврди статусот на една од компаниите со најдобрите деловни пракси".