Притоа Путин одделно ја коментираше темата за реверзната испорака на гас. Тој изјави дека фактички не постои реверзна испорака, бидејќи гасот не може низ истата цевка истовремено да тече во двете насоки.
Според претседателот на РФ, Русија не го поставила прашањето за реверзната испорака за да не ги затегнува односите со Украина: „Сакам на сите да им биде јасно: реверзна испорака не е можна. Гасот не може да тече низ една половина од цевката натаму, а низ другата половина наваму. Тоа е глупост, разбирате? Бесмислено. Тоа воопшто не е изводливо“.
Претходно информативната служба на компанијата „Укртрансгаз“ најави модернизација на цевководите заради зголемување на реверзната испорака од Полска.