Почна полнењето со гас на првиот крак на „Турски тек”

Економија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Почна полнењето со гас на првиот крак на морската делница на гасоводот „Турски тек“, што е последна фаза на тестирање пред почетокот на експлоатацијата, соопшти операторот на проектот.

„Почна полнењето со природен гас на првиот од двата крака на морската делница на гасоводот „Турски тек“. Тоа е последната етапа на тестирање пред да се пушти во употреба гасоводот“, се вели во соопштението за печатот, пренесува РИА „Новости“.

„Полнењето со гас на системот на гасоводот е значаен чекор кон фактичкиот почеток на испораките на гас во Турција и југоисточна Европа со новиот систем на морски гасоводи. Комерцијалната експлоатација на гасоводот според планот треба да започне до крајот на 2019 година“.

Проектот „Турски тек“ подразбира изградба на гасовод составен од два крака со капацитет од по 15,75 милијарди кубни метри дневно. Првиот крак е наменет за испорака на руски гас за турските потрошувачи, а вториот за снабдување на земјите од јужна и југоисточна Европа. Двата крака треба да бидат изградени до крајот на 2019 година.