Испорачан првиот од вкупно 12 моќни руски теренци: „Шаманите“ спремни да ги освојат Емиратите

Авторос

Компанијата „Авторос“, која ги произведува уникатните моќни теренски возила „Шаман“, ќе им испорача на Обединетите Арапски Емирати вкупно 12 автомобили, од кои првиот беше испорачан минатиот месец, пренесуваат руските медиуми.

Руските теренци ќе се користат во Емиратите при работата на медицинските и спасувачките служби и во својство на командно-штапски возила. Во согласност со локалната клима и високите температури, сите возила добија дополнителен систем за ладење на моторот, а вградени се и моќни клима-уреди.

„Шаман“ е долг шест метри, а тежок 4800 килограми. Сите делови на трансмисијата се сместени во затворена рамка на оригиналната конструкција. Погонот е полн, суспензијата е независна, а сите осум тркала се вртат.

Теренецот има изолирана челична каросерија, долниот дел е херметички решен и направен според принципот на чамец. „Шаман“ може да се движи низ вода благодарение на вртењето на тркалата кога брзината е два километри на час, или со помош на пропелер (брзина до седум километри на час).

Има усовршен погон 8×8 при што погонот на двете предни оски се вклучува по потреба. Покрај тоа, опремена е со блокада на сите диференцијали и со контролен систем со кој може да се вртат тркалата на сите оски.

Под хаубата е сместен три-литарски дизел мотор од 140 КС на италијанската компанија „Ивеко“ F1C 3.0 TD спарен со шестстепен мануелен менувач.

Основниот пакет чини 10,5 милиони рубли (140 илјади евра), а цената со полна опрема може да достигне до 12 милиони рубли (160 илјади евра). Во зависност од верзијата, со „Шаман“ може да се превезат до 11 патници. Не е познато колкава е вредноста на договорот за извоз на возилото во Обединетите Арапски Емирати.

Прочитајте повеќе за 8 брутални теренци кои ни руските беспаќа не можат да ги запрат

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња