Најголемиот руски производител на автомобили АвтоВАЗ“ денес го запре производството во фабричките погони во Толјати и Ижевск на неопределено време. Како што се наведено во официјалното соопштение, запирањето се должи на ненадејните проблеми со испораката на делови од фирмата „Автокомпонент“ од Нижни Новгород.
Како што се истакнува, запирањето на производството во никој случај нема да влијае врз достапноста на автомобилите од марката „Лада“ во продажната мрежа на овој бренд.
АвтоВАЗ прави сé колку што е можно поскоро повторно да го врати производството, се наведува во соопштението и потсетува дека компанијата го задржува правото за наплата на штетата настаната од несовесното однесување на „Автокомпонент“.
Инаку, на куќата „Автокомпонент“, како што се истакнува, ова не ѝ е првпат да не се придржува до договорените обврски и да доведе до прекин на производството. Од службата за односи со јавноста на оваа фирма велат дека до прекин на испораката на деловите за АвтоВАЗ дошло поради несогласувања за цената на компонентите.
Како што пренесуваат руските медиуми, АвтоВАЗ од први јули ги покачи цените на два популарни модела - „Лада Гранта“ и „Лада Веста“. Најпродаваните модели на рускиот автомобилски гигант поскапеа за пет илјади рубли. Во мај АвтоВАЗ на домашниот пазар продаде 29739 автомобили од марката „Лада“, што приближно се поклопува со податоците за ланската година (+0,4%). Во првите пет месеци на годината се продадени 143418 возила, што е за 3,6 отсто повеќе од лани, пишува РГ.
Претходно во април АвтоВАЗ донесе одлука за запирање на испораката на автомобили „Лада“ во Европа. Одлуката беше донесена откако во земјите на Европската Унија беа заострени прописите кои се однесуваат на емисијата на штетни гасови. Руските возила не се правени во склад со таквите прописи. Затоа пазарите на земјите од ЗНД, Латинска Америка и Блискиот Исток, судејќи според сѐ, ќе бидат приоритетни за пласман на руските „Лади“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче