На седмата по ред церемонија на доделување на годишните награди Flyer Award 2019 што се одржа во кинеската економска престолнина Шангај, „Аерофлот“ трета година по ред беше прогласен за најомилен странски авиопревозник во оваа земја.
Најдобрите авиокомпании ги бираше жири составено од експерти, како и патници кои честопати користат авионски превоз. Наградата се доделува на најзаслужните играчи присутни на туристичкиот пазар на Кина. Меѓу победниците изминативе години беа авиокомпании со светско реноме кои за највисоко меѓународно ниво на услуги добија пет ѕвезди од организацијата Skytrax.
„Признанието кое трета година по ред го освојува „Аерофлот“ како омилена авиокомпанија во Кина е потврда на ефикасноста на нашата стратегија. На нашите патници на располагање им е широка мрежа на правци и еден од најмладите авиопаркови во светот. „Аерофлот“ е изборот на милиони кинески граѓани кои ја ценат нашата авиокомпанија поради поволните тарифи, удобниот престој на базниот аеродром Шереметјево и високиот квалитет на услугите во сите фази на патувањето“, изјави извршниот директор Виталиј Савељев.
Меѓу предностите на „Аерофлот“ се наведува активниот развој на транзитниот сообраќај меѓу Европа и Азија. Како што се истакнува, мрежата на правци на овој превозник подразбира четири клучни точки - Пекинг, Шангај, Хонг Конг и Гуангжу. Се укажува и на проширувањето на спектарот на услуги, насочени кон кинеските клиенти, соработката со популарниот систем за плаќање Alipay и информациите на кинески јазик. Покрај веб-страницата на „Аерофлот“ на кинески, патниците се информираат на овој јазик во текот на летот, а достапно им е и мени со сѐ специјална азиска понуда, како и забавни содржини на мајчиниот јазик.
„Аерофлот“ инаку оваа година ја доби и кинеската награда Stars Awards 2019 како најдобра авиокомпанија за транзитни летови меѓу Кина и Европа. Претходно според оцената на Airline Business, „Аерофлот“ беше сместен меѓу дваесетте најголеми авиокомпании на светот според бројот на превезени патници и остварени поминати километри.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче