Четирите приоритети кои ги издвои Путин во развојот на руската економија

Економија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Претседателот на РФ Владимир Путин во обраќањето до Федералното собрание издвои четири приоритети во развојот на руската економија: раст на продуктивноста на трудот, зголемување на извозот на несировинските производи, подобрување на деловната клима и укинување на ограничувањата за економијата, како и подготовка на кадри.

„Потребно ни е високо темпо на економски раст. Само така можеме да ја победиме сиромаштијата“, уверен е Владимир Путин. 

Рускиот претседател им наложи на Владата и Централната банка да ги достигнат планираните показатели на инфлација. 

Шефот на руската држава истакна дека првпат во историјата на Русија нејзините девизни и златни резерви целосно го покриваат надворешниот долг. „Имаме моќно сигурносно воздушно перниче“, соопшти Путин. 

Претседателот на РФ нагласи дека темпото на раст на руската економија во 2021 година мора да биде поголемо од 3%. 

Платите на буџетските вработени мораат да растат со темпо кое е не пониско од инфлацијата, додаде рускиот лидер.