Сликата е симболична
Владимир Астапкович/SputnikКримско-сирискиот трговски центар е отворен и ќе биде регистриран во слободната економска зона на Крим, соопшти потпретседателот на кримската влада и постојан претставник на Крим при претседателот на Русија Георгиј Мурадов.
Мурадов за РИА „Новости” соопшти дека е во тек регистрација на трговскиот центар во слободната економска зона на Крим, а исто така се решава прашањето и за системот на заемни трансакции.
Потпретседателот на владата на Крим соопшти дека протоколот на меѓудржавната комисија предвидува забрзана процедура на финансиските трансакции кои ќе се вршат во рубли.
На почетокот на октомври кримска делегација ја посети Сирија. Во рамките на посетата е потпишан меморандум за економска соработка, а исто така е утврден и план за заедничко дејствување. Во документите стануваше збор за отворање на трговски центар, бродска компанија, меѓусебни испораки на роба и воспоставување воздушен сообраќај меѓу Сирија и Крим.
Во ноември Дамаск објави дека Русија и Сирија ќе го отворат најголемиот центар за извоз на житарки на Блискиот Исток.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче