Македонско-руската стопанска комора и АППТРМ ги разгледаа можностите за туристичка соработка

Економија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

На денешниот иницијален состанок директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски и извршниот директор на Македонско-руската стопанска комора Дејан Бешлиев разговараа за потребата од интензивирање на меѓусебната соработка преку организирање на информативни патувања низ Македонија за новинари и тур-оператори од Русија, со цел подобро запознавање на државата и промоција на рускиот туристчки пазар.

Разговарано е и за заедничка работа на популаризација на македонската кујна, историја и верски туризам на рускиот пазар за подигање на свеста кај руските граѓани за културното и историско богатство на Македонија.

Активностите би требало да започнат од следната година со посета на Македонија на руски кулинарски шоуа, а ќе продолжат со јазична поддршка овозможена од комората за издавање на промотивни материјали на руски јазик, како и при целокупното претставување на македонскиот туристички потенцијал во Руската Федерација, се вели на „Фејсбук“ страницата на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.