Како што се наведува во материјалот на руската Федерална служба за ветеринарна и фитосанитарна контрола, врз основа на барање од Кина подготвен е предлог на ветеринарски сертификат „за живи жаби кои се извезуваат од Русија за потребите во исхраната“.
На седмиот состанок на руско-кинеската работна група за соработка во сферата на ветеринарната инспекција, фитосанитарната контрола и безбедноста на прехранбените производи кинеската страна ја потврдила можноста за користење на овој ветеринарен сертификат за време на испораката на живи жаби.
Жаби во Кина ќе можат да извезуваат оние претпријатија кои имаат одобрени од Главната државна царинска управа на Кина.
Освен во исхраната, жабите во Кина се користат и во традиционалната источна медицина.