Америка им продава оружје на разни купувачи, но постојат и земји кои не купуваат од неа поради политички или стратешки причини. За таквите земји Русија е „сигурна алтернатива“, пишува „Национален интерес“.
Руското вооружување е во најголем дел со „помал калибар“ од американското, но затоа е можно да се купи повеќе оружје за помалку пари. Купувањето руско оружје е евтина алтернатива за земјите во развој и за помалите држави. А на поголемиот дел на клиентите и не им е потребно најново американско оружје, туку им е доволно да имаат подобро од нивните противници, пишува американскиот весник и ги наведува петте најбарани модели во светот.
На првото и на второто место се наоѓа авионот Сухој Су-27 и неговата последна верзија Сухој Су-35, барем додека се појави Т-50 ПАК ФА, пишува изданието.
На третото место е тенкот Т-90, кој, иако е постар, сѐ уште е баран, што покажува примерот со Индија, која планира да набави 1657 вакви тенкови.
По него следува тенкот Т-14 „Армата“, како најмодерен постсоветски тенк кој допрва треба да влезе во составот на руската војска.
На крај, системот С-400 сигурно ќе биде баран во многу земји, ако се суди според искуството со С-300. Прв странски купувач на системот С-400 беше Кина, а интерес покажуваат и Саудиска Арабија, Турција и Белорусија, пишувавесникот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче