Трговската војна меѓу Кина и САД би можела да биде одлична прилика за зголемување на извозот на руските земјоделски производи во Кина, изјави генералниот секретар на Кинеското здружение за развој на претпријатијата во странство, економистот Хе Чженвеј.
„Во овој момент меѓу Кина и САД се води трговска војна, а на удар пред сѐ ќе се најдат токму земјоделските производи. Кина годишно увезува до 95,5 милиони тони соја, а главни извозници се Бразил, САД и Аргентина. Обемот на увоз од САД изнесува околу 32,85 милиони тони, а Кина, секако, во иднина нема да увезува толку од Америка. Тоа значи дека ќе мора да увезува од други земји, што претставува многу добра шанса за Русија“, вели Чженвеј.
Како што нагласува тој, најголемата предност на руската соја е тоа што таа не е генетски модифицирана.
„Во овој момент Кина годишно увезува од Русија околу 500 илјади тони соја. Со зголемување на засадите на соја Русија би имала шанси за привлекување на кинески инвеститори“, изјави кинескиот економист.
Како што истакнува тој, Кина има голем пазар на потрошувачи кој нуди несекојдневни можности за формирање на синџир на инвестиции, производство и продажба.
„Кинеските инвеститори би морале да најдат руски партнери, затоа што единствено така ќе биде поволно инвестирањето во Русија и потоа продажбата во Кина. Тоа би требало да биде обострано корисно“, рече тој.
Американскиот претседател Доналд Трамп претходно воведе царини на робата од Кина. Пекинг објави возвратни мерки и почеток на „голема трговска војна“.
САД во јуни направија дополнителен список на роба која се увезува од Кина и на која би можеле да применат царини од 10%.
Агенцијата „Блумберг“ објави дека Кина има намера да воведе царина од 25% на увоз на американскиот течен природен гас како одговор на воведувањето царини на кинеска роба.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче