Русија подготвена да им продава ракетни мотори на Кина и Америка

Економија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Испораката на ракетните мотори е исплатлива за Русија, затоа што заработката оди на отворање и модернизација на претпријатијата во Русија, вели Рогозин.

Руската Федерација се надева дека ќе ги продолжи преговорите со САД за испорака на руските ракетни мотори РД-180, изјави шефот на државната корпорација „Роскосмос“ Дмитриј Рогозин.

„Се надеваме дека заедно со нашите колеги од корпорацијата „Енергомаш“ ќе ги продолжиме преговорите (со Американците)“, рече тој и додаде дека и покрај санкциите Русија мора да го продолжи експортот на високотехнолошки производи, а тоа мислење на „Роскосмос“ го поддржува и политичкото раководство на земјата.

Доколку американските колеги сакаат да ја продолжат соработката, испораките ќе продолжат, рече Рогозин.

„Постои заемна зависност, ако можам така да кажам. И тоа е корисно“, изјави Рогозин.

Тој нагласи дека испораките на ракетните мотори се корисни за Русија, затоа што носат заработка која оди на отворање и модернизација на претпријатијата.

„Тоа е заедничкиот интерес кој ја победува и злобата на санкциите“, истакна Рогозин.

Тој додаде дека Русија е подготвена да испорачува мотори на која било земја во светот, па дури и на Кина. Се работи за моторите РД-181 и РД-191.