Русија го ограничува увозот на македонски праски и кајсии

Global Look Press

На 9 август 2018 година заменик-раководителот на „Россељхознадзор“ Јулија Швабаускене разговараше со заменик-директорот на Фитосанитарната управа при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија Горан Трајковски.

Во текот на разговорот со македонската страна Швабаускене информираше за три случаи на откривање на монилија (Monilinia fructicola) во коскесто овошје, увезено од Македонија со сертификати, издадени од фитосанитарната служба на земјата и со кои се потврдува финосанитарната безбедност на наведените производи.

Швабаускене се обрати до македонската страна со барање за спроведување на детална истрага за наведените факти. Додека да се добијат резултатите од истрагата и додека македонската страна не преземе исцрпни мерки за исполнување на меѓународните фитосанитарни барања при испораката на производи во Русија, „Россељхознадзор“ од 15 август воведува времено ограничување на увозот на коскесто овошје од Македонија.

Истата мерка важи и за Србија, се вели во соопштението на веб-сајтот на „Россељхознадзор“.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња