Македонска-руска стопанска комора и „Македонски дом“ во Москва прославија годишнини

Во Москва беше прославена 13-годишнината од оснoвањето на Македонска-руската стопанска комора и една година од постоењето на „Македонски дом“, компанија формирана за поттикнување на македонскиот извоз во Руската Федерација.

На свеченоста што се одржа во комплексот „Фуд сити“, каде што е сместен изложбено-продажниот центар „Македонски дом“, присуствуваа претставници на бизнисот од Македонија и Русија, челните луѓе од низа трговски претставништва на земјите од Евроазиската унија, претставници на Евроазискиот деловен сојуз и на други деловни асоцијации.

„Македонска-руската стопанска комора и нејзината активност во сите овие изминати години придонесе за раст на економската соработка меѓу двете земји и за успешен влез на низа македонски производи на рускиот пазар“, истакна Димитри Бистров, регионален директор на одделот за Меѓународна соработка на Стопанската комора на Руската Федерација, кој потенцираше дека и во наредниот период ќе продолжи соработката меѓу двете деловни асоцијации.

Извршниот директор на Македонска-руската стопанска комора Дејан Бешлиев истакна дека вкупниот обем на размената меѓу двете земји е пораснат во сите сегменти, а највисок раст бележи македонскиот извоз за 10,6 отсто. Размената меѓу Македонија и Руската Федерација минатата година достигна 202 милиони американски долари со пораст од 5,6 отсто и годинава се очекува таа да биде уште повисока.

Токму во функција на зголемување на македонскиот извоз е формиран и „Македонски дом“, проект во партнерство на Македонска-руската стопанска комора и со поддршка на Стопанската комора на Москва. После една година постоење тој ги дава почетните резултати - на рускиот пазар се појавија производи кои досега не се извезуваа во оваа земја. Руските потрошувачи веќе може да се снабдуваат со производи од 18 македонски компании.

Покрај настапот на рускиот пазар, преку „Македонски дом“ се отвораат и вратите на другите земји од Евроазиската унија, како на пример во Казахстан, каде македонските производи веќе стануваат препознатливи и во оваа земја, се вели во соопштението на сајтот на Македонска-руска стопанска комора.

Прочитајте повеќе: Извозот на Македонија во Руската Федерација лани зголемен за 10,6 отсто

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња