Според информациите на рускиот портал speedme.ru во нацрт-уредбата владата ги наведе минималните технолошки операции неопходни за признавање на главните автомобилски мотори произведени во Русија.
Во овој момент документот се разгледува со производителите на автомобили. Договорот за сериско склопување на автомобили предвидува давање олеснувања на компаниите за увоз на автоделови и вклучување во програмата за државна поддршка на пазарот во замена за зголемување на локализацијата до ниво од 60 отсто. Притоа најмалку 30 отсто од автомобилите треба да користат мотори и трансмисии од домашно производство.
Со новата одлука Министерството за индустрија и трговија на РФ сака да ги поттикне странските производители на автомобили на поголемо локализирање на производството. Притоа, додека претходно беше контролиран брендот во целина, сега министерството планира да воведе контрола на секој поединечен модел на одреден производител.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче