Руски бизнисмени продаваат банкнота од 200 рубли за 400?!

Банкнотите печатени минатиот месец се пуштени во оптек на Крим, во Москва и во некои региони на Далечниот Исток на Русија, што предизвика меѓу нејзините граѓани збрка и го придвижи претприемничкиот дух кај извесни итромани.

Банкнотите печатени минатиот месец се пуштени во оптек на Крим, во Москва и во некои региони на Далечниот Исток на Русија, што предизвика меѓу нејзините граѓани збрка и го придвижи претприемничкиот дух кај извесни итромани.

Александар Авилов/Moskva Agency
Ова е бизнис на руски начин.

Сигурно само луд човек би купил банкнота за повеќе пари од нејзината номинална вредност... Но, не и во Русија. Некои луѓе толку сакаат што попрво да ја имаат в раце новата, штотуку отпечатена банкнота од 200 рубли што се подготвени да платат за тоа дури и двојно повеќе.

Банкнотите кои уште мирисаат на боја за печатење се пуштени во оптек на Крим, во Москва и во некои региони на Далечниот Исток на Русија, што предизвика меѓу нејзините граѓани збрка и го придвижи претприемничкиот дух кај извесни итромани. Набрзо на интернет се појавија огласи кои за една банкнота во вредност од 200 рубли бараат од 250 (4,33 долари), па сѐ до 400 рубли (7 долари).

Една продавница во Казањ наводно продава банкноти од 200 рубли за 300 рубли. Навистина идеја за бизнис!

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња