Медведев: програмата за поддршка на извозот на автомобили ќе продолжи

Спортскиот концепт на Lada Xray на Московскиот меѓународен автомобилски саем 2016 што се одржа на „Крокус Експо саемот“. 24 август 2016, Русија.

Спортскиот концепт на Lada Xray на Московскиот меѓународен автомобилски саем 2016 што се одржа на „Крокус Експо саемот“. 24 август 2016, Русија.

Сергеј Савостјанов/ТАСС
Руската влада ќе ја продолжи политиката на поддршка на извозот на автомобили од домашно производство, изјави премиерот на РФ Дмитриј Медведев.

Програмата за поддршка на извозот на автомобили од домашно производство ќе продолжи, изјави премиерот на Русија Дмитриј Медведев.

Шефот на руската влада го изјави ова на средбата со претседателот на Надзорниот Одбор на „Основен елемент“ Олег Дерипаска. Медведев истакна дека рускиот пазар е „голем, но, се разбира, не е неограничен“, пренесува „Известија“.

Рускиот премиер потсети дека има голем број на држави кои имаат врски со руските производители, вклучително и со Групацијтаа ГАЗ и групацијата „Руски автомобили“ (Русские машины) каде што можат и треба да се испорачуваат автомобили.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња