Во Русија издвоени милијарди за поправка на патиштата во регионите

Сергеј Коваљов/Global Look Press
Регионалните власти ќе добијат од руската влада 9,9 милијарди рубли (околу 146,5 милиони евра) за изградба и поправка на сообраќајната инфраструктура.

Според одлуката потпишана од премиерот на РФ Дмитриј Медведев и објавена на сајтот на руската влада, за реконструкција, генерален ремонт и изградба на патишта ќе бидат издвоени 1,435 милијарди рубли. Уште 3,843 милијарди рубли ќе бидат вложени во реализација на „сообраќајни проекти од посебно значење за социоекономскиот развој на земјата”. Покрај тоа, 17 региони ќе добијат 2,579 милијарди рубли „за доведување во задоволителна состојба, развој и зголемување на протокот на возила на мрежата од автопатишта“.

2 милијарди рубли ќе добие Хабаровскиот крај во рамките на државно-приватното партнерство. 103,6 милиони рубли ќе бидат издвоени за Калининградската област, а 15,4 милиони рубли за Омската област во рамките на регионалната програма во сферата на сообраќајот.

Претходно беше објавена ранг-листа на квалитетот на патиштата во целиот свет.  Русија се најде на 114 позиција од вкупно 137 земји, заостанувајќи зад Хондурас, Либерија, Монголија, Уганда и Таџикистан.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе