Беспилотен автомобил на „Јандекс“.
YandexВо Русија ќе се појават патишта, наменети за беспилотен транспорт. Работите за нивна изградба ќе ги врши државната компанија „Автодор“, соопштува информативната агенција „Москва“.
Според изјавата на претставникот на компанијата Сергеј Кељбах, за изградба на такви патишта е неопходно да се запазат голем број на специјални норми, вклучувајќи и високотехнолошки решенија. Исто така, еден од условите треба да биде и отсуството на крстопати на таквите патишта.
„Врската „пат-автомобил“ и „автообил-пат“ треба да обезбедуваат максимална безбедност за учесниците во сообраќајот“, изјави Кељбах.
Во моментов во таквите нормативи спаѓаат патиштата од прва категорија.
Првите испитувања на беспилотни втомобили се планира да бидат спроведени на трасата „Москва-Санкт Петербург“ во 2020 година. На патиштата се планира да бидат тестирани беспилотни камиони од руско производство, пренесува auto.yuga.ru.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче