Најбезбедниот пешачки премин се наоѓа во Русија

Александар Малм
Сообраќајни знаци... а каде се автомобилите?

Патиштата во Русија ни најмалку не се безбедни. Возачите, а и пешаците, мораат секогаш да бидат многу внимателни.

Но, Русија е земја на контрасти, затоа овде ќе го најдете и најбезбедниот пешачки премин на светот.

Ова се двата нови знаци во селото Онгурен во Иркутската област (5000 км источно од Москва). Работата е во тоа што овде нема автомобили, па и вистински патишта.

Знаците се поставени по иницијатива на локалната полиција кој се придржува до законот: покрај секое училиште мора да има пешачки премин.

Но, она што е нормално за големите градови, во малото село Онгурен изгледа смешно, затоа што таму не постои сообраќај. Ни останува само да се надеваме дека децата ќе ја преминуваат улицата на предвиденото место.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња